Гледајќи го совршенството на орнаментите, хармонијата и техниката, се чини дека разбојот е еден од најкарактеристичните уметнички дострели на креативниот дар на нашиот народ. Во насока на ваквата креативна активност, истовремено следејќи ја православната словено-византиска традиција, монахињите во нашето атеље, на два типа разбој (хоризонтален и вертикален), ткаат: килими и торби од чиста волна, којашто самите ја бојосуваат со природни бои што ги добиваат од најразлични лисја, лушпи, корења и плодови.
Монахињите, исто така, ткаат и свештенички одежди со византиски шари, од свила и памук.
© Манастир Успение Богородично