Во нашата работилница е прифатен начинот на изработка на икони со целосно истите материјали со коишто работеле старите мајстори, затоа што тие покажуваат дека се одржале со векови, за разлика од современите недоволно испитани материјали.
Иконите се изработуваат на внимателно одбрано и суво дрво, на даб, орев или махагониј. Подлогата е од посебно наменет за тоа болоњски гипс и квалитетно врзиво — зајачки туткал. Се слика со бои во прав — пигменти, коишто се раствораат со жолчка од јајце, оцет, ленено масло и вода. Истражувањата покажуваат дека овие бои во допир со гипсот стануваат едно; така изработените икони ја задржуваат автентичноста со векови. Позадината на иконите е од чисто дваесетичетирикаратно злато. Златото силно свети и неговата царска боја го симболизира огненото небо, славата и светлината на Небесното Царство. На крајот и на лакот со којшто се поминува иконата му се обрнува посебно внимание. Тој не треба само да ја заштити, но е и важен фактор, којшто им дава на боите единство во тонот и длабочината. Лакот во манастирското атеље го подготвуваат самите монахињи-иконописци од миризливи смоли: сандарак и дамар. Премачкувањата мирисаат како темјан, така што оној којшто ја целива иконата чувствува мирис на духовно благоухание.
© Манастир Успение Богородично