Успение • online periodical

Литургиската икона има теолошка смисла. Таа не е слика, којашто се изработува заради уживање на окото, или, просто да нè потсетува на светите личности, како што е тоа случај со сликите, коишто ги чуваме за да нè потсетуваат на саканите роднини и пријатели. Иконата се слика на таков начин за да нè воздигне од овој трулежен свет и да ни помогне да го помирисаме оној нов мирис на Царството Божјо.

Затоа таа нема никаква сличност со сликите, коишто на телесен начин претставуваат некои лица, па тие да се дури и на светители, како што тоа е случај со религиозната уметност на Западот.

Во православната икона светите лица се сликаат во нетрулежност.

Од овие причини литургиската уметност не се менува така брзо како другите човечки нешта, но е постојана, како и Црквата, којашто ја манифестира. Свештеното Предание е огнен столб, којшто ја води низ пустината на непостојаниот свет. Ова им изгледа чудно на луѓето од овој век, коишто не се во состојба да се нурнат во длабочината на духовното море, но само пливаат по површината на сетилноста, фрлани од брановите и носени од вртлозите.

About Контакт / Нарачки Links

© Манастир Успение Богородично

Orthodox Christianity.ru